Levantina® – tne natural stone company (Techlam®)

TECHLAM® – 100% КЕРАМИЧКИ ПЛОЧИ

https://www.levantina.com/en/product/techlam/

TECHLAM® керамички плочи со димензии 100/300см и максимална дебелина од 12мм, се достапни во 5 серии. Тие нудат бесценети милиметри на екстра простор и им овозможуваат на квалификуваните инсталатери слобода во нивната креативност, како никогаш досега.

TECHLAM® керамичките плочи, се најтенките плочи кои некогаш се произведени, кои се користат за подови, ѕидови и вентилирана фасада (3мм или 5мм),каде што екстра големи керамички плочи може да се искористат како алтернатива на мермерот и каменот, кои се доста поскапи.Благодарение на нивните одлични перформанси, Теклам плочите се идеални за најделикатни употреби, каде се бара максимална хигиена и отпорност.

Поаѓајки од таа идеа, TECHLAM® разви сосема нов концепт каде што се добива естетски унапреден продукт со одлични технички  карактеристики. Во производството се користат напредни технологии за намалување на дебелината на големоформатните плочи а воедно и унапредување на отпорноста на механички стресови, хемиски влијанија, вода, гребење, отпорност на абразивни средства и деформитети, отпорност на мрзнење, огноотпорност, влага и отпорност на UV зрачење.

TECHLAM® плочите се револуционерни плочи кои се еколошки производ од природни сирови материјали и комплетно рециклирачки материјали.