ETEM

Нашиот допир со надворешниот свет доаѓа преку вратите и прозорците. Тие се многу важен дел од секој објект, бидејќи имаат многу важна улога.

Тие мораат да пропуштат светлина во објектот а воедно да обезбедат изолација од надворешните влијанија.

Асортиманот на ETEM производи за изработка на врати и прозорци, нуди широк спектар на решенија со кои може да се одговори на сите барања на модерната градба, како за станбени, така и за деловни објекти

Во време кога естетиката зазема значајна улога во современата архитектура, ЕТЕМ нуди заоблени и рамни профили, со што овозможува користење на истите по сопствена желба.

Зачувување на енергијата е основен предуслов за новата генерација ЕТЕМ eнергетски ефикасни системи. Без компромиси, главни карактеристики кои мора да бидат застапени се функционалност, естетски изглед и долготрајност на системите, како и подобрена термо изолација, звучна изолација, како и отпорност на ветер и вода.

ЕТЕМ со своето интернационално присуство на пазарите на југоисточна Европа, балканските држави, југоисточните медитерански земји и сл, нуди системи прилагодливи за секој пазар посебно. Предност на избор на системите има крајниот корисник.