FAVEMANC

FAVEMANC – ПАМЕТНА ОПЦИЈА ЗА НОВОГРАДБА ИЛИ РЕНОВИРАЊЕ НА ФАСАДИ

ПРЕДНОСТИ

FAVEMANC вентилираните фасадни ситеми од terracotta панелиимаат бројни предности за сите проекти, како за новоградби, така и за реновирање на фасадите на веќе постоечки објекти

  • Голем избор на системи со различна дебелина
  • Глазирани или неглазирани завршници, боени во маса
  • Нема потреба од понатамошно одржување на истите, самопериви
  • Антибактериски и деконтаминирачки слој
  • Можност за изработка на панели по порачка
  • Широк спектар на бои
  • Специјална боја, по барање на инвеститорот
  • Можност за дигитален принт на панелите
  • Техничка поддршка
  • Системи со ЕУ сертификати

 

FAVEMANC ACTIV PLUS – со фотокаталитична активна компонента

АКТИВ ПЛУС е фотокаталитички продукт кој дејствува како активна состојка во Нашиот продукт, со антибактериско, самопериво и деконтаминирачко дејство.

Клинкер технологијата, во која се аплицира АКТИВ ПЛУС компонентата, во присуство на UV-A светлина, иницира фотокаталитична реакција која резултура во следните три бенефити:

  1. АНТИБАКТЕРИСКИ ЕФЕКТ – преточен во ISO 27447 стандардот, активниот принцип на АКТИВ ПЛУС компонентата се состои во тоа што ги разградува микроорганизмите како што се фунги, мувла, бактерии, Escherichia coli и Staphylococcus и го превенира создавањето на биофилм во кој овие микроорганизми претендираат да се размножат. Како резултат на елиминирање на овие бактерии и габи, се отстранува миризбата и токсичноста на истите.

Овие карактеристики го прават Нашиот продукт идеален за употреба во средини каде има голема фреквенција на сообраќај, влажна средина, како што се базени и соблекувални во спортски комплекси.

  1. САМОПЕРИВОСТ

Друга карактеристика на АКТИВ ПЛУС е хидрофилноста. Тоа подразбира дека Нашиот продукт ги пропушта молекулите на вода (влага) кои се природно присутни во воздухот, создавајќи услови за превенција на врзување на нечистотијата.

  1. ДЕКОНТАМИНАЦИЈА

Фотокаталитичниот ефект придонесува во редукција на загадувањето на воздухот, главно намалување на азотните оксиди NOx , на следниве два начина:

  • Со дирекна реакција : редукција на штетните гасови, азотни оксиди, како бензен и сл, кои се создаваат од човековите активности (индустрија, автомобили, греење..) Разградувањето на макромолекулите е лабораториски докажано со EN 221971 стандардот.
  • Со индиректна реакција: со уништување на загадувањето кое допринесува до уништување на озонската обвивка, така што разградувајќи ги азотните оксиди, доведува до создавање на озонот. Научните истражувања потврдуваат дека 1.000м2 инсталирана АКТИВ ПЛУС фасада, соодветствува со 70 засадени дрва.

 

 

ДИМЕНЗИИ НА ПАНЕЛИТЕ

 

800*300

1000*300

1200*300

1400*300